Радио Кочани
Кочани

Започнува празнувањето на Петровден

439

Од вечерва, со поетско-музичкиот настан „Подобро општество за слепите лица во Кочани“, Општина Кочани го започнува одбележувањето на Петровден, празникот на градот.

Централните настани се распоредени в четврток и петок, 11 и 12 јули.

На 11 јули во 12:30 ч., градоначалникот Љупчо Папазов ќе одржи средба со најуспешните и наградуваните ученици од основните и средните училишта. Во 17 ч. во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ ќе се одржи вечерна празнична богослужба на која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа и литија и кршење на славскиот колач во Градскиот парк во Кочани. Во 19 ч., во дворот на  црквата „Св. великомаченик Георгиј“ ќе се одржи концерт на духовна музика со Сузана Спасовска  и црковниот клирос „Пелагонитиса“.  На Споменикот на слободата, од 20:30 ч. публиката ќе може да ја проследи операта „Дидона и Енеј“, во изведба на СКЦ од Ниш, Србија.

На 12 јули во 20 ч. на терените во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одигра финалниот натпревар од Петровденскиот турнир во мал фудбал, а од 21 ч. на Споменикот на слободата концерт ќе има групата „Нокаут“.

В сабота, на 13 јули, со почеток од 11 ч., на Пониква ќе се одржи меѓународниот фестивал на влашки песни „За Петровден сите на планина“.

 На 14 јули од 9 до 20 ч. во  СРЦ „Аква“ ќе бидат приредени најразлични музички, изложбени и други уметнички содржини во настанот „24 часа урбан здив“. В недела, ПСК „Осогово“ од Кочани, ќе го реализира 17. Петровденски марш, со искачување до врвот Китка, 1903 м надморска висина.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе