Радио Кочани
Кочани

Од 10 до 14 јули – културно-забавни настани по повод Петровден, празникот на Кочани…

1,273

Со низа различни жанровски културни и забавни настани Општина Кочани ќе го одбележи Петровден, празникот на градот.

Програмата ќе трае пет дена, од 10 до 14 јули. Централните настани се на 11 и 12 јули. Во пресрет на Петровден ќе се одржи вечерна празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ на која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа и литија и кршење на славскиот колач во Градскиот парк во Кочани.

Годинава, на концертот на духовна музика ќе настапи познатата македонска пејачка Сузана Спасовска со црковен клирос „Пелагонитиса“, а вечерта на 11 јули од 20:30 ч., на Споменикот на слободата, публиката ќе може да ја проследи операта „Дидона и Енеј“, во изведба на СКЦ од Ниш, Србија.

На 12 јули во 20 ч. на терените во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одигра финалниот натпревар од Петровденскиот турнир во мал фудбал, а од 21 ч. на Споменикот на слободата концерт ќе има групата „Нокаут“.

Во рамките на Петровденската програма се планирани и други културно-уметнички и забавни настани, меѓу кои се меѓународниот фестивал на влашки песни „За Петровден сите на планина“, настанот  „24 часа урбан здив“ во центарот „Аква“, 17. Петровденски планинарски марш и др.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе