Радио Кочани
Кочани

БИСТРИ УМОВИ и оваа година организира бесплатен летен камп за најдобрите млади информатичари

357

БИСТРИ УМОВИ и оваа година организира бесплатен летен камп за најдобрите млади информатичари кои ќе ја претставуваат Државата на Меѓународните Олимпијади по информатика, каде што ќе го прослави и својот 1 (прв) роденден.

Пред точно една година првата активност на БИСТРИ УМОВИ беше  подготвителен камп за македонските тимови по Информатика, кој се реализираше во Кочани, во соработка со Здружение на Информатичари на Македонија и сега се прославува 1 година постоењето со ист таков камп, повторно во Кочани и заедно со Здружение на Информатичари на Македонија.


Летниот еднонеделен подготвителен камп ќе започне на 1 јули (Понеделник) во Хотел Магнолија на Пониква ( Кочани ), каде што ќе присуствуваат 12 најдобри ученици/ натпреварувачи, кои ќе не претставуваат на претстојните Интернационални олимпијади по Информатика, нивните ментори и Професори од Факултетот за Информатички науки и Инжињерство- ФИНКИ, на чело со Претседателот на Здружение на Информатичари на Македонија, Проф. Д-р Миле Јованов.

– Свечено обраќање, како минатата година, така и оваа ќе има Градоначалникот на Општина Кочани, а оваа година електорнска покана испративме и до новата Претседателна на Р.М. Гордана Силјановска Давкова, новиот Премиер на Р.М. Христијан Мицковски и до новата Министерка за образование и наука Весна Јаневска, за кои сметаме дека на нашите претставници кои гордо го веат Македонското знаме, многу би им значела нивната подршка, односно нивното дирекно обраќање, со што ќе им покажеме дека го цениме нивниот труд и тоа што достојно ни ја претставуваат Државата рече за Радио Кочани Анита Грчева.

За една година од постоењето, БИСТРИ УМОВИ го реализираше следново:

-летен подготвителен камп во соработка со ЗИМ за 2023 година, во Кочани,

-финансиска помош за патните трошоци за Меѓународните Олимпијади по Информатика за 2023 год.

– 6 месечни бесплатни курсеви по Математика и Информатика, за ученици од цела Македонија, кои ги следеа над 400 ученици,

– финансиска помош за организирање на Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика, која се реализираше во Струмица, во Ноември 2023,

– беше  дониран по еден лаптоп на најдобрите 6 јуниори по Информатика итн.

За во иднина БИСТРИ УМОВИ планира да ги продолжи бесплатните курсеви, да ја продолжи блиската соработка со ЗИМ,  во интерес на потребите на учениците, да оствари соработка и со други Здруженија од Земјата и странство и многу други проекти.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе