Радио Кочани
Кочани

Јунска крводарителска акција во Кочани – собрани 36 крвни единици

225
Во организација на Црвен крст  – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јунска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 36 крводарители од нив 1 првократен дарител и 15 лица до 30 годишна возраст.
Акцијата е осма што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе