Радио Кочани
Кочани

Димитров до градоначалникот Папазов: „Ви благодарам на понудата да бидам в.д. директор на ‘Водовод’, но сметам дека мојата матична партија има млад и стручен кадар кој подобро ќе одговори на овој предизвик“

1,320
Јавна благодарност до Градоначалникот на Општина Кочани
Г-н Љупчо Папазов…
Во текот на денешниот ден од страна на Градоначалникот на Општина Кочани г-н Љупчо Папазов ми беше понудено да бидам именуван за в.,д директор на КЈП Водовод Кочани
Понудата од моја страна не беше прифатена од причина што сметам дека на таа позиција подобро ќе одговори некој млад и стручен кадар.
Имајќи ја во предвид одговорноста која ја носи функцијата в, д, директор, изразив желба на овој начин да упатам Јавна благодарност до Градоначалникот за укажаната доверба бидејки со самата понуда токму јас да бидам на чело на претпријатието истиот сметал дека можам да одговорам на работната позиција.
Сигурен сум дека мојата матична партија ВМРО ДПМНЕ има млади и амбициозни кадри кои можат да одговорат на овој предизвик.
Се надевам дека новото кадровско решение кое што ќе го понуди мојата матична партија ВМРО ДПМНЕ, ќе биде вистинскиот избор за ова претпријатие.
М-р Јордан Димитров
 Фејзбук статус на Јордан Димитров, повеќегодишен истакнат активист на ВМРО -ДПМНЕ од Кочани.
Статусот го објавуваме со негова дозвола.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе