Радио Кочани
Кочани

Од полноќ нова цена на горивата, поевтинува дизелот

339

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), дизелот се намалува за 1,5 денар за литар, додека цената на бензините останува иста

Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дел од горивата.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за 1,5 денар за литар, додека цената на бензините останува иста.

Литар дизел од полноќ ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 70,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 82 денари за литар.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе