Радио Кочани
Кочани

„Осогово“ на „клацкалица“ – ќе остане или не второлигаш?

570

Со вчерашната победа над Скопје, со 2:1, екипата на ГФК „Осогово“ од Кочани, по 28 одиграни кола во ВМФЛ се искачи на тринаесеттото место на табелата, кое води во бараж разигрување за опстанок во лигата.

Едно место погоре на дванаесетто е екипата на „Победа“ од Прилеп, со само два бода повеќе од кочанскиот второлигаш, а на четиринаесетто и петнаесетто место се „Тетекс“ и „Саса“.

До крајот на првенството остануваат уште две кола. На 11 мај (сабота), „Осогово“ гостува кај четвртопласираниот „Арсими“, а во последното триесетто коло, домаќини сме на „Пелистер“ од Битола, кој веќе и математички обезбеди влез во прволигашка конкуренција.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе