Радио Кочани
Кочани

Нова тешка несреќа на патот Штип-Кочани

3,848

Триесет и девет годишен возач загина во сообрајка на експресниот пат Штип-Кочани. Пријавата во СВР-Штип е во 2.24 часот велат од СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај село Крупиште, а според првичните информации во несреќата учествувало само едно возило.

Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје, додека сопатничката и две малолетни деца се пренесени во штипската Клиничка болница. Увидот во несреќата е во тек.

Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти. На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки животите ги загубија пет лица.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе