Радио Кочани
Кочани

На 26 април – отворање на изложба на ликовни дела од жени уметници

145

В петок, 26 април 2024 г., во 19 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде отворена изложбата под наслов Инфинити“, што ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“.

Во Салонот фоаје на Центарот за култура ќе бидат претставени триесетина ликовни дела на шеснаесет жени уметници од Кочани, Виница и Зрновци.

На изложбата ќе учествуваат: Маја Анастасова Христова, Александра Димитрова, Марија Мицова Гацова, Оливера АтанасоваВаска Сандева, Катерина Деспот, Марија Петрова Фафа, Благица СтојановскаКатица Алексова, Нада Ѕмбова Донева, Драгана Јовевска Канго, Катерина Соколова, Љупка КоцеваЕлизабета Зафирова Стојанова, Маријана Иванова и Слаџана Гаврилова. Тие се претставуваат во различни техники: масло на платно, акрил, колаж, комбинирана техника, плакат          

Изложбата ќе биде отворена до 10 мај 2024 г.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе