Радио Кочани
Кочани

Шест години од смртта на Симеон Иванов-Канго

581

На денешен ден во 2018-та година, по тешко боледување на 67-годишна возраст во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов-Канго.

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе