Радио Кочани
Кочани

26-годишник од Кочани излетал од патот, со тешки повреди пренесен во болница…

4,384

На 19.03.2024 во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу с.Чардаклија и с.Долни Балван, на излез на с.Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С.(26) од Кочани, излетало од патот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе