Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани и „Макпетрол“ во кампања против врсничкото насилство

248

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорката и членка на Управниот одбор во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денеска го потпишаа меморандумот за соработка, со што Општина Кочани ќе биде вклучена во општествено одговорната кампања, преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со врсничкото насилство.

Во рамките на оваа кампања, учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Општина Кочани ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Тие ќе учествуваат во работилници со психолог којшто, врз основа на своето долгогодишно искуство на справување со проблемот, ќе сподели најразлични едукативни информации за насилството меѓу врсниците.

Целта на кампањата е врсничкото насилство да се третира како сериозен проблем во општеството и да се најде начин како да се препознае, а потоа и соодветно да  се реагира. Партнерството меѓу „Макпетрол“ и општините се очекува да придонесе за подобрување на состојбата на децата и на младите, на кои врсничкото насилство има директно и долго влијание.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе