Радио Кочани
Кочани

Чешиново-Облешево…Унапредување на социјални услуги за деца со попреченост

1,792

„Создаваме заедно, се грижиме за сите!“ е мотото на активноста која ја спроведоа група девојки од Чешиново-Облешево, а е во рамки на проект за граѓанска ревизија со наслов „Унапредување на социјалните услуги за деца со попреченост“.

Организаторите на овој проект, кои ги поминаа обуките ,,Girls power” на СИГА ја посетија детската градинка во оваа општина.

„Со овој настан сакаме да се поткрене свеста на предучилишните деца и нивните наставнички за инклузијата на децта со попреченост и важноста на поддршката во нивниот развој. Низ дружењето со најмалите се обидовме да ги поттикнеме да споделуваат, да помагаат, да ги прифатат различностите, да бидат емпатични, да бидат другари и еднакви“ – велат девојките.

Во знак на благодарност за гостопримливоста и безусловна љубов на децата им подарија боенки, блокчиња, разни видови боички, пластелин, моливи и гумички, обезбедени преку донација од бизнис секторот. Изработените цртежи ќе бидат изложени на финалниот настан поврзан со проектот, а еден од нив ќе биде избран за насловната страна на истражувањето кое се подготвува.

Активностите се дел од проектот на граѓанската организација СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment” кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на групи на Западен Балкан”.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе