Радио Кочани
Кочани

КАМПАЊА „СТАВИ ПОЈАС“ ВО КОЧАНИ

678

Денес, во Кочани, ОСБСП, заедно со МВР, и учениците од СОУ „ Гошо Викентиев “ со нивната менторка Љубинка Ристова, реализираа активности од кампањата „Стави појас“. Целта на кампањата е зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. На возачите од Кочани им беше поделен едукативно-превентивен материјал со цел укажување на придобивките од користењето на сигурносни појаси и намалување на ризиците во сообраќајот на патиштата. Сигурносните појаси спречуваат удари на возачот, односно патниците, или нивно излетување од возилото во случај на сообраќајни незгоди. Статистиката покажува дека тие значително придонесуваат за намалување на бројот на смртни случаи при сообраќајни незгоди.

 

Токму затоа се упатува апел: Возачите и патниците, при секое патување и во населено и надвор од населено место, да користат сигурносни појаси, да внимаваат појасите да бидат правилно поставени, а особено кога патникот е дете. Сите заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот!

 

ВОЗИ ОДГОВОРНО! 

ЗА ТВОЈА БЕЗБЕДНОСТ СТАВИ ПОЈАС!

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе