Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани го објави конкурсот за стипендии за млади надежни спортисти

436

Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2023 година, во машка и во женска конкуренција.

Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува  десет месеци во 2024 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Право на стипендија имаат жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт, со решение за вршење дејност спорт. За стипендијата може да конкурираат членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем-натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на Националната спортска федерација. Исто така, во конкуренција влегуваат и спортисти во екипни спортови, врз основа на составот на репрезентациите до 20 години според утврдена ранг-листа на најуспешните  млади спортисти  до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски  федерации, како и учесници на национални или меѓународни систем-натпревари во: борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал, шах…

Критериумите за бодување и потребната документација за конкурирање се опишани во целосната објава на конкурсот на веб-страницата на Општина Кочани.

Рокот за пријавување е до 15 март 2024 година. Пријавата и потребната документација се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса на Општината.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio