Радио Кочани
Кочани

За ОУ „Раде Кратовче“ јапонски грант за реконструкција на покривот

432

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од над 300.000 евра.

ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани е еден од петте добитника на ваквите грант договори. Со тие средства ќе се изврши реконструкција на покривот на кочанското основно училиште.

Грант договорите што ќе бидат потpишани се однесуваат и на проектите за набавка на дигитален рентген за ЈЗУ Здравствен дом Неготино, за набавка на комунално возило за општина Ранковце, за набавка на ултразвук за геријатриска и палијативна медицина во Скопје и на проектот за подобрување на објектот на Универзитетската Клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе