Радио Кочани
Кочани

Велковски во Кочани…Простор за уште 112 дечиња

434
Денеска, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски беше во посета на општина Кочани, каде заедно со градоначалникот Љупчо Папазов остварија посета на новата детска градинка во населба Драчевик, која сѐ уште не е пуштена во употреба. Детската градинка има капацитет од 112 дечиња, што би овозможило згрижување на дечиња од Кочани кои се на листата на чекање.
Со посетата беа утврдени недостатоците и проблемите кои се пречка за пуштање во употреба на градинката, како што е досегашното неиздавање на согласности за вработување од страна на МТСП. Во истовреме се вршат санации на фасадата на градинката, поради недостатоци во извршената работа од страна на изведувачот.

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio