Радио Кочани
Кочани

Николовски – Браната Речани е еден од најзначајните капитални проекти што се гради во Кочанското Поле

800

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска при работните активности во Кочани изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани.

  • Градиме модерни системи за наводнување, обезбедуваме сигурно земјоделство. Денес во кочанско сме на увид во изградбата на браната Речани, уште еден значаен капитален проект. Токму денес имав можност да приуствувам и на леењето бетон за влезната потална линија од тунелот.
    Браната Речани е еден од најзначајните капитални проекти што се гради во Кочанското Поле.
    👉Се гради на Оризарска Река и предвидува годишна акумулација од 22 милиони м3 вода, која ќе ги задоволи повеќе од една третина од земјоделските површини во овој регион, или наводнување за над 1.500 хектари земјоделско земјиште.
    👉Овој капитален проект го започнавме во 2019 година во вредност од 1,9 милијарди денари. Браната Речани претставува камено-насипна брана со височина од 80 метри, широка 10 метри и во основата долга близу 280 метри.
    ✅Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно наводнување на земјоделските површини. Токму затоа изградбата на нови и реконструкцијата на постојните системи за наводнување е наш врвен приоритет на кој посветено работиме сите овие години.
    истакна министерот Николовски.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе