Радио Кочани
Кочани

Нови цени на горивата: Дизелот повторно поскапува од полноќ

1,410

 

Од полноќ поскапува дизел горивото. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер бс-95 и Еуросупер бс-98 не се менуваат, а цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство  се зголемуваат за еден денар за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 41,881 ден/кг.

 

Од 20.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,881 (денари/килограм)

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе