Радио Кочани
Кочани

ФОРМИРАНО НОВО ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „БУДНОСТ“

165

На 28.01.2024 година се одржа Собрание на основачите на новото здружение на граѓани со име „БУДНОСТ, кое ги усвои Актите за основање,

Статутот, Програмата за работа и други одлуки за основање согласно законските одредби. Основачи на здружението се : Ненад Стојанов, Василија Заова, Јулијана Јанева, Горан Стојановски и Александар Атанасов. За Претседател е избран Ненад Стојанов . Како иницијатор на новото здружение кое е освежување за градот Кочани, е Ненад Стојанов, кој имаше неколку активности насочени против родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование во училиштата.

Во месец јуни , како соработник на Коалицијата за заштита на децата, го донесе филмот „Што е тоа жена“ во Кочани, Виница, Зрновци и Пробиштип. Во месец септември, како член на ЗГ „Родителски фронт“ ја организираше петицијата „НЕ за родовата идеологија во актите и документите во училиштата, во актите, стратегиите и документите на Општина Кочани“. Основна цел на Здружението на граѓани БУДНОСТ е заштита на традиционалните семејни вредности и заштита на правата на децата од родовата пропаганда и родовата идеологија.

Визијата на Здружението на граѓани БУДНОСТ е: образование без родова пропаганда и родова идеологија и почитување на семејните вредности. Целна група на Здружението на граѓани БУДНОСТ се децата без разлика на нивната национална, религиска или друга припадност или определба. Начелата врз кои се темели работата на Здружението на граѓани БУДНОСТ се: независност, јавност и транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот.

Логото на Здружението е око (будност) и во зеницата на окото е фамилијата, што значи дека во видокругот на здружението ќе биде семејството. Здружението на граѓани БУДНОСТ ќе организира семинари, советувања, манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето на заштитата и промовирањето на семејните вредности и заштитата на правата на децата од родовата пропаганда и родовата идеологија во главните општествени текови.

Ќе предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на заштитата и промовирањето на семејните вредности и заштитата на правата на децата од родовата пропаганда и родовата идеологија , и ќе учествува во следење на нејзината имплементација.

Упатуваме честитки до членовите на здружението и посакуваме успешна работа и реализацija на нивните цели.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе