Радио Кочани
Кочани

Германските овчари на кочанчанката Викторија Захариева светски шампиони во повеќе европски земји…

14,263

Кучето е дел од семејството од околу 350 видови на кучиња, признати како раса од светската кинолошка федерација, а Кочанчанката Захариева без размислување, им дава предност на германските овчари,која самостојно ги чува и одгледува. “Сон на секое куче е да стане гермaнски овчар”,а самата вели “ Не ги фалам затоа што ги чувам и одгледувам,туку таа раса за мене е една од најдобрите”.

Викторија својата љубов кон германскиот овчар ја започнува на многу рана возраст со прв германски овчар кој го добива на 5 години.

По неколку години  добив уште еден германски овчар кој стана шампион на повеќе држави,а пред неполна година купив гермснски овчар од светски родители кое е едно од подобрите кучиња во Македонија.

-Љубовта кон кучињата ме натера да проучувам литература која би ми помогнала подетално да ги осознаам.

– Едукативен материјал од областа на кинологијата добивам од моите колеги професионалци.

Изјави за Радио Кочани нашата сограѓанка Викторија Захаријева.

Младата кочанчанка  учествува и на многу натпревари со нејзини кучиња каде што оценувањето на кучињата го вршат на тој начин што гледаат како се движи во рaнг,и пред се најважното е како изгледа анатомски.

Таа оди на меѓународни изложби и освојува многу награди,оди на специјални изложби за германски овчари каде што исто така ги освојува кинолошките судии, а започна и со подготовки за една од најголемите светски изложби која ќе се одржи во Април  оваа година во Загреб Хрватска.

Вики по некое време започнува да изложува и други кучиња од други раси, но вели дека сеуште е млада и дека има уште многу да учи.

За крај, Викторија апелира до сите љубители на кучиња,да не земаат на чување љубимци доколку немаат соодветни услови за чување затоа што кучињата треба да бидат сметани како дел од семејството.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе