Радио Кочани
Кочани

Опасните отвори на шахтите експресно се затворени. Апелираме така и да останат !

574

По објавата на Радио Кочани, за отворените шахти и дупки со длабочина поголема од 6 метри,кои можат да бидат опасни. доколку некој невнимателно пропадне,

надлежните реагираа, би се рекло во ист момент.

Веднаш се донесоа бетонски капаци, па отворите се покриени и заштитени.

Овие капаци се изработени од бетон бидејки во минатото металните заштитни поклопувачи беа масовно отсранувани од несовесни граѓани кои за ситен надомест

ги продаваа како старо железо.

 

Пред извесен период забележавме како на мајка, која го водеше детето за рака, тоа оддеднаш пропадна ѝ пропадна во отворот, но за среќа остана без посериозни телесни последици и оштетувања.

 

Затоа уште еднаш упатуваме благодарност до одговорните за брзата реакција и заштитата од опасните отвори.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе