Радио Кочани
Кочани

Убав успех на кочанските натпреварувачи на планинската трка во околината на Штип (ВИДЕО)

1,304

12 членови од клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ во текот на вчерашниот ден учествуваа на планинарската трка „Струмина Треил 2023“ во Штип.

На стартот пред СОУ „Јане Сандански“ се појавија повеќе од 200 учесници од сите краеви на Македонија, како и од Полска, Австрија и Белгија.

На патеката долга 18 километри и 750 метри со висинска варијација, своите тркачки способности ги покажа Никола Серафимов од КПС „Осоговски орел“ освојувајќи го второто место во категоријата над 60 години.

Уште двајца натпреварувачи од Кочани забележаа убав успех. Во категоријата од 50 до 60 години Владо Симеонов беше втор, а првото место на трката, односно со шампионска титула со време од 1 час и 59 минути, се закити Златко Николов од Кочани. Окрепен пункт имаше долж патеката во селото Липов Дол на 8,9км од стартот, а попатно тркачите минуваа покрај неколку изворски чешми, меѓу кои Струмина на 2,8км од стартот, Љупчова на 7,1км и Курт бунар на 17,5 км од стартот.

Поттикнати од одличната организација на „Струмина Треил“, членовите на КПС „Осоговски Орел“ планираат во иднина да организираат слична ваква трка во планинско трчање и велосипедизам на Осоговските планини. Им посакуваме успех и честитки за борбеноста!

 

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе