Радио Кочани
Кочани

Виница – Се гради канализациска мрежа во селото Липец

419
С.Липец е единственото село од збиен тип во Општина Виница кое досега немаше ниту еден метар канализациона мрежа. Работите ги менуваме. Работиме на изведба на фекална канализација и систем за одведување на отпадни води во ова село.

Во полн ек се работите со ископување и поставување на канализациони шахти и цевки со цел изградба на канализационата мрежа во село Липец. Со изградбата на фекалната канализација и системот за отпадни води ќе се реши еден од проблемите со кои се соочува ова население многу години наназад.
Вредноста на овој проект е 5 640 000 денари, а работите ги изведува ДПТТГУ „ЛАБИНО ТРЕЈДЕ“ДООЕЛ Гостивар.
ФБ објава на градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе