Радио Кочани
Кочани

Со свечена академија и положување цвеќе одбележан патрониот празник на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари

520

Вистинско музичко шоу во кое во главната улога беа учениците од прво до деветто одделение претставуваше свечената академија што по повод патрониот праник се одржа во салата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари.

Учениците од прво до петто одделение блеснаа на сцената и преку своите музички точки зборуваа за сплотеноста, за љубовта, за другарството, меѓусебното разбирање и порачаа насекаде да има насмевки и музика.

Учениците од шесто до деветто одделение беа вистински актери, кои преку скеч ја насмеаја публиката, а подготвија и драма „Печалбарството некогаш и сега“.

Салата на училиштето беше исполнета до последно место, а учениците за своите изведби добија силен аплауз.

Поздравен говор имаше директорката на училиштето Соња Иванова, а пред присутните во преполната училишна сала се претстави и хорот и оркестарот на училиштето кои ја изведоа и државната химна.

На бистата пред патронот Крсте Петков Мисирков цвеќе положија претставници од општината и училиштето, а наградените ученици на литературниот конкурс по повод патрониот празник ги прочитаа своите литературни творби.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе