Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во тек е асфалтирањето на улицата „Даниел Стефанов“ во селото Долни Подлог
Во тек е асфалтирањето на улицата „Даниел Стефанов“ во селото Долни Подлог. Вкупната должина на улицата е 370 м, а ширината е од 3 до 4 метри. На делови од улицата се поставени два цевковода за канализирање на површинската вода.
Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за изградбата на оваа улица се наменети 2.100.000 денари, средства од општинскиот буџет.