Радио Кочани
Кочани

Судија од Берово пресудил во корист на починато лице. Сточари се тужеле меѓусебно, а практично и едните и другите биле измамени од фирма која згаснала…

4,096

Уште еден голем преседан во македонското судство. Овој пат за рубриката „Верувале или не“.

Имено на први ноември 2019 година, судијата Борче Бержецки од Основниот суд Берово, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, спротивно од законските правила и прописи, водел постапка и пресудил во корист на Раде Јангеловски од Македонска Каменица кој веќе четири години бил починат. Како што се гледа од изводот на матичната книга на умрените, Раде Јангеловски, роден на 22 јуни 1931 година во М. Каменица починал во Штип на дванаесетти април 2015 година. Согледувајќи го овој непобитен факт, поткрепен со валидни материјални докази, оштетениот Слободан Стојанов од село Лески, Виница, застапуван од адвокат Новча Крстевски, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесува кривична пријава против беровскиот судија. Еве како всушност се започнало?

 

Вообичаен откуп на јагниња, како и секоја година. Но таа фамозна 2011 година, некој се дрзнал да им ги одземе јагнињата на сточарите од Истокот, а да не им ги плати. И додека државата преку разни начини и субвенции го стимулира развојот на месо и млеко производството, одземањето јагниња без да бидат платени, ги дестабилизираше сточарите, (луѓето кои тешко и напорно работат) од година на година, сѐ до денес, да ги преполовуваат, а дел од нив и да ги уништат своите стада. Сосема нормално. Никој не сака да работи, а некој друг нечесно, со тешко организирана измама да му ја одзема егзистенцијата.

Накратко, како започнува голготата? Според постоечката документација, да бидеме прецизни, на 28.07.2011 година доаѓаат претставници од фирмата „Вила“ ДООЕЛ и на повеќемина одгледувачи од регионов ги одземаат јагнињата со наводно одложено плаќање. По извесен период сточарите меѓу кои и Слободан Стојанов од с. Лески (Виничко), дознаваат дека се измамени и тогаш всушност почнува судската „сапуница“ која трае 12 години.
Имено колеги сточари, меѓу кои и сега починатиот Раде Јангеловски, поднесуваат тужба против Слободан, за наводно наведување околу продажбата на јагнињата на таа фирма, по основ долг од 199,530 денари.

Дали сето тоа било така Радио Кочани одговорите ги побаравме на лице место.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе