Радио Кочани
Кочани

На 15 ноември стапува на сила обврската за задолжителна зимска опрема во возилата

102

На 15 ноември стапува на сила обврската за задолжителна зимска опрема во возилата, и истата е со важност до 15 март следната година.

Под зимска опрема во автомобилот се подразбира управување на моторно возило во зима со зимските гуми и се препорачува во багажникот од возилото да има една кутија со синџири.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, последиците од непочитување на оваа законска обврска се казнува со глоба возачот во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Воедно полициските службеници може да наредат и прекин на натамошното движење на возилото, или возачот задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај е забрането поставување на пневматици со клинци.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе