Радио Кочани
Кочани

Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците во Кочани

347

v

Како дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, Цивил  Центар за слобода,  во соработка со Општина Кочани организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“.

Во присуство на претставнички и претставници на здруженија, локални институции, на бизниссекторот, политички партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани, се дебатираше за  актуелните предизвици и состојби во Кочани, а свое излагање на темата имаше градоначалникот Љупчо Папазов.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ е посветен на промоцијата на мултикултурализмот и вклучува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и мотивирање на заедниците да работат заедно за подобра иднина.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе