Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, денес, доби нов в.д. директор. Тоа е Перо Георгиевски. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Антонијо Паунов. Во Општина Кочани, а во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов денес беше извршено примопредавање на раководната позиција.
Папазов и Георгиевски при примопредавањето, денес беа на увид на санација на водоводен дефект на улица “Раде Кратовче”, каде што интервенираше Сектор за водовод и канализација.
Во наредните денови в.д. директорот Георгиевски ќе изврши планирање на приоритетни активности од редовното работење на претпријатието, кон кои ќе се пристапи со динамично спроведување.
Претходна објава
Следна објава
Може ќе ви се допадне