Радио Кочани
Кочани

Викендов на патеката кон Пониква ќе се вози ридско-брзинската трка „Пониква 2023“

1,716

На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква поточно од местото викано Губриште до целта на местото викано Пашаџамина шума, викендов  се вози  ридско-брзинската трка која е во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА.

На патеката долга 5,3 километри, се очекува да учествуваат над 30 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија ,Косово и Полска.

Организатор на трката е Авто-клубот Перформанс тим, а формалностите пред и после трката ќе се одржат во кругот на Здружението на возачите на Кочани.

 

Петок 21. 07. 2023 ќе има верификација и технички преглед на возилата од 18:00 до 22:00 часот.

Сабота, 22. 07 .2023

07 : 30  часот – затворање на патеката

08 часот неофицијален тренинг 30 минути подоцна и официјален

 

Недела, 23.07. 2023

 

07 : 30  часот – затворање на патеката
09 часот – официјален старт на првата трка, а 30 минути по завршувањето ќе се вози и втората трка.
По завршувањето на трката следуваат резултати и прогласување на победниците во кругот на Здружението на Возачите -Кочани.

 

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе