Радио Кочани
Кочани

„Моите здрави навики“ од најмладиот автор досега (7-годишен) промовирана во библиотеката „Искра“ во Кочани (ВИДЕО)

1,632

Денеска во библиотеката „Искра“ во Кочани беше промовирана детската сликовница  „Моите здрави навики“  од авторот Милијан Чаршавски, ученик во прво одделение при ООУ „Никола Карев“

Верувале или не, денешниот културен настан, без преседан е единствен од ваков тип кај нас, а можеби и во пошироки рамки, надвор од нашата татковина.

Просторот во библиотеката како што ќе можете да проследите од видео материјалот на Радио Кочани беше претесен да ги прими сите првачиња, другарчиња на Милиан, кои беа посебно радосни и воодушевени што едно мало прваче – нивно другарче се најде на промотивниот пиедестал.

Книгата (мини прирачник) „Моите здрави навики“ станува дел од домашните библиотеки на децата. Сликовницата изобилува со содржини клучни за емоционалниот, физичкиот и менталниот развој на децата, затоа се препорачува да се чита во друштво но и пред спиење, се додека кај секое дете не останат врежани здравите навики на малиот Милиан.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio