Радио Кочани
Кочани

Планинари на ПСК „Осогово“ од Кочани дел од експедицијата „Алпи 2023“

528

Двајца членови на планинарскиот спортски клуб  „Осогово“ од Кочани од 28 јуни до 5 јули ќе земат учество на експедицијата „Алпи 2023“

За прв пат оваа година експедиција од неколку искусни планинари од Македонија вклучувајќи ги и двајцата членови на ПСК „Осогово“, Тошо Антов и Зоран Николов  ќе се обидат да искачат повеке врвови во Италија, Швајцарија и Словенија. Тие за само 3 дена ќе треба да искачат  5 врва од кој највисокиот врв во Италија, Гран Парадисо со 4061 метри надморска висина, потоа следуваат Зумстаиспитц со 4563 мнв, Сигналкоп 4554 мнв, Балмерхорн 4167 мнв во Швајцарија и највисокиот врв во Словенија Триглав 2863 мнв.

Оваа експедиција и овој подвиг ќе биде голем достиг за ПСК „Осогово“ и за Општина Кочани како прва експедиција што успеала да направи таков подвиг мегу планинарските клубови во Македонија и пошироко.

 

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе