Радио Кочани
Кочани

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата одржа конститутивна седница

232

Денеска, во салата на Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата одржа конститутивна седница, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Советот којшто брои 13 членови, ќе има задача да ја подобри состојбата и безбедноста во сообраќајот во Кочани. Конкретните активности на ОСБСП ќе бидат насочени кон унапредување на сообраќајната култура и едукација и спроведување мерки и активности со кои ќе се влијае кај сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Паралелно ќе се дејствува и на планот на подобрување на сообраќајната инфраструктура, режим на сообраќај и координирани активности на сите надлежни локални институции.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio