Радио Кочани
Кочани

Младинска крводарителска акција – собрани 29 крвни единици

371
Црвен крст – Општинска организација Кочани денеска во просториите на СОУ „Гошо Викентиев“ ја реализираше најавената младинска крводарителска акција.
На крводарителската акција крв даруваа 29 лица, од кои 11 првократни крводарители и истата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
-Акцијата е 6 – та по ред што ја реализира Црвен крст Кочани, согласно Годишниот план за крводарителски акции. Крводарителската акција е наменета за сите ученици и вработени од СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо Сантов“, студенти и млади лица од Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево. Ваквите акции имаат за цел да мобилизираат млади дарители, но и да дојдеме во средините каде што се младите лица за и тие да се приклучат во големото семејство на крводарители. Благодариме на сите кои дадоа свој придонес во реализација на младинската крводарителска акција, истакна Иле Матеничарски, од Црвен крст – Кочани.
Во текот на календарската годината, најчесто напролет и наесен во средните училишта во Кочани се реализираат младински акции за крводарување.
Од Црвен крст Кочани најавија дека в четврток, на 27 април 2023 год., е закажана и редовната крводарителска акција во просториите на Црвениот крст во периодот од 08:30 до 14 ч.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio