Радио Кочани
Кочани

Утре во ЈОУ Библиотека „Искра“, традиционално ќе се одбележи 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право

160
На 24 април, понеделник во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, традиционално ќе се одбележи 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од страна на УНЕСКО во 1995 година.
    На манифестацијата ќе бидат прочитани пораките, кои секоја година се објавуваат по повод 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Македонската порака, за 2023 година е напишана од проф. д-р Ана Стојаноска, а светската порака е напишана од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.
    Традиционално, ќе бидат прогласени најдобрите читатели во ЈОУБ „Искра“ во Кочани и во подрачната библиотека во Оризари. Манифестацијата ќе биде збогатена со гостување на авторката м-р Елеонора Николовска, која ќе оствари интерактивна средба со предавање за креативни пишување со ученици од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, а потоа во ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе биде промовирана нејзината збирка раскази „Расказите раскажуваат“.
    Одбележувањето ќе продолжи со литературно читање од страна на членовите на ЛК „Копнеж“, со лични творби, содржани во најновиот билтен  по повод 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право.
    Одбележувањето ќе го збогатат музичките точки, во изведба на ученици на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.
    Cветскиот ден на книгата и авторското право се одбележува секоја година на 23 април, како симболичен датум во светската книжевност, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија и во чест на смртта на великаните на светската книжевност Вилијам Шекспир и Мигуел де Сервантес, токму на истиот овој датум.
Со почит,
ЈОУБ „Искра“ – Кочани
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio