Учениците од машинскиот актив под менторство на професорот Ивица Јорданов, по повод велигденските празници изработија велигденско јајце повисоко од 3 метра и со тежина од над 200 килограми што го прави најголемо во Република Македонија.
Јајцето е поставено во градскиот парк во склоп на Велигденскиот хепенинг ,,Сподели радост” и ќе биде прекрасен украс за време на најголемиот христијански празник во годината.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе