Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Советот на Општина Кочани на 25. седница даде согласност за издвојување финансиски средства во висина од 300 илјади денари од постојаната буџетска резерва – по 150 илјади денари за помош на Република Турција и на Сиријска Арапска Република, за справување со последиците од неодамнешниот катастрофален земјотрес.
Освен финансиската помош од Општина Кочани, Здружението на пензионери на Општина Кочани исто така донесе Одлука за еднократна финансиска помош во износ од 31.500,00 денари.
Во духот на солидарноста деновиве Општина Кочани во соработка со ОО Црвен Крст – Кочани упати апел до сите фирми и поединци од Општина Кочани дека може да донираат средства за настраданите од земјотресот. Освен финансиски средства може да се донираат и материјални добра кои се наведени во апелот објавен на веб страната на Општина Кочани
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне
