Радио Кочани
Кочани

Избрани 19 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

164

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“  за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.
Жири-комисијата констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост.
Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе