Радио Кочани
Кочани

Министерот Спасовски и директорот Тасевски во „Пониква“ на традиционален ручек и дружење со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР

916

Денеска, министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални операции Митко Даневски, се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на министерството.

На заедничкиот ручек министерот Спасовски го изрази своето задоволство што оваа дружење со децата на загинатите припадници на МВР прерасна во традиција на која имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Спасовски и денеска потенцираше пред присутните дека тој како министер секогаш е тука за нив- децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговори на нивните барања и потреби.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе