Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Кривична пријава против правен субјект и одговорно лице од Кочани…
На 10.02.2023 Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против правно лице од Кочани и В.Т.(53) од Кочани, како одговорно лице во правното лице, за сторено кривично дело „пустошење шума“ по член 226 став 5 в.в. став 1 и 2 од Кривичниот законик.
Пријавените, спротивно на закон, без да имаат склучен писмен договор со ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани за извршување на работи на шумска култура за активностите сеча и дотур во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел, лоциран на Осоговските Планини, на м.в. „Бунари“, во месец септември 2022 извршиле бесправна сеча на буковa дрвна маса со вкупна количина од 207,44 м3.
Имено, пријавените во периодот од 22 до 30.09.2022 извршиле бесправна сеча на 97 букови стебла во количина од 119,44 м3, кое бесправно ги складирале подготвени за превоз, а бесправно исеченото буково дрво – трупци во количина од 88м3 го оставиле во сечиштето.
Бесправно исечените трупци и бесправно складираното буково огревно дрво (нежигосано) се пронајдени во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во вкупна количина од 207,44 м3, одземени се и предадени на ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани.