Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Пониква – зимска убавица! Гордост на Кочани
Дури во Новата 2023 година на 20-тина километри од Кочани, на нашата зимска убавица „Пониква“, падна долгоочекуваниот снег.
Љубителите на скијањето и чистиот воздух се пресреќни, надевајќи се дека овојпат снегот ќе се задржи подолго и ќе падне во поголеми количини.
Службите реагираа навреме, да обезбедат чист пат и непречено пристигнување до саканата дестинација. Повелете – уживајте.