Радио Кочани
Кочани

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2022 ГОДИНА

275

ПОВИК

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2022 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

  • најдобар спортист за 2022 година;
  • најдобар млад надежен спортист;
  • најдобра екипа;
  • најдобар тренер;
  • спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 19 јануари 2023 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефони за контакт: 033 274 001 / 072 275 610

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе