Радио Кочани
Кочани

Во текот на наредната недела во употреба ќе биде пуштена делницата Крупиште-Кочани

4,409

Во текот на наредната недела во употреба ќе биде пуштена и делницата Крупиште-Кочани, која е дел од експресниот пат Штип-Кочани, најави денеска при доделувањето на клучовите на станарите, кои ќе се вселат во новата социјална зграда во Пробиштип, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.     -Многу ми е драго што со овој пат ние ќе ја комплетно смениме сликата во регионот, а ќе помогнеме и во делот на безбедноста на граѓаните бидејќи се работеше за доста оптеретен патен правец во делот на старата делница со многу сообраќајни незгоди. Локалните патишта се во фокусот на Министерството за транспорт и врски и понатаму, секако и овде во Пробиштип имаме планирано да реализираме два локални патишта, уште еден проект за водовод овде во општина Пробиштип. Ќе работиме и на останатите проекти во општина Штип коишто веќе се започнати. Во општина Делчево имаме проекти за водоводи и канализации, во општина Берово исто така работиме. Генерално сите општини се опфатени преку нашите програми, вели Бочварски. Посочи  дека Владата е најголем инвеститор во општините внатре во локалните средини без притоа да ги двои општините од која политичка партија или субјект доаѓаат градоначалниците и советите.

Овде сме да помогнеме и да дадеме поддршка и наредната година очекуваме да имаме уште поголемо ниво на капитални инвестиции имајќи во предвид дека оваа година имаме реално високи капитални инвестиции. Во најтешката кризна година како држава многу повисоки од 2014, 2015 и 2016 година кога многу се говореше за реализација на проекти и за градење, денеска имаме многу поголеми капитални инвестиции. Овде сме да продолжиме со соработка со сите општини и граѓаните за да дадеме фокус и поддршка за секој еден проект којшто е од интерес на граѓаните, рече Бочварски.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio