Радио Кочани
Кочани

Пријавете ако работодавецот бара да му го вратите К15

526

До крајот на месецот работодавачите имаат рок да го исплатат регресот за годишен одмор или познат како К-15. Обврската за исплата на К-15 е до крајот на календарската година. Ова право го има секој работник кој е во една фирма повеќе од шест месеци. Според правилата, треба да се исплати најмалку 40 отсто од просечната плата во моментот, која сега изнесува 31 831 денар, што значи дека К-15 годинава изнесува најмалку 12 740 денари.

Казните за работодавците се и до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе