Радио Кочани
Кочани

На 6 декември – Младинска крводарителска акција во Кочани

229
Црвен крст  – Општинска организација Кочани вторник, 6 декември 2022 год.  во Салата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја спроведе планираната Младинска акција за дарување на крв.
Младинската акција е наменета за учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ како и за студенти и млади лица.
– Акцијата се реализира во рамки на Годишниот план за крводарување на Црвен крст Кочани за 2022 год. Младинската акција се реализира со заедничка поддршка на двете средни училишта од Кочани и е наменета за учениците и вработените во училиштата, како и за сите млади лица и студенти од општините. Акцијата е закажна за во вторник, 6 декември 2022 год. со почеток од 9 до 13 ч. во Салата во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани – истакнаа од Црвен крст Кочани.
Оттаму ги поканија сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица, да се вклучат во акцијата и со хуман гест на крводарување да придонесат во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти.
Црвен крст Кочани во соработка со двете средни училишта во текот на календарската година спроведува две младински крводарителски акции, најчесто напролет и наесен.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio