Радио Кочани
Кочани

Ден на лицата со попреченост во Кочани – За подобар видик…

453

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, потсети дека во Општината, врз основа на Планот за социјални услуги, се евидентирани 358 лица со попреченост над 26 години, 143 деца со попреченост до 26 години и 20 деца со комбинирана попреченост. Исто така,тој посочи дека само 3 семејства го користат правото на скратено работно време согласно Законот за социјална заштита.
Папазов ова го кажа денеска на почетокот од културно – уметничката програма што се одржа во Паркот на Револуцијата по повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост. Кочани овој ден го одбележа под мотото „За подобар видик“.

Како дел од овој настан беше  (покрај програмата што ја подготвија дечињата од кочанските основни училишта) и продажбата на уметнички слики изработени од учесници на ликовните колонии организирани изминативе години од Општина Кочани.

Компанијата Амфенол беше издвоена како еден од најголемите подржувачи на лицата со попреченост кај нас.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio