Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Лишен од слобода разбојник во Кочани
МВР информира дека полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани го лишиле од слобода кочанчанецот И.П. (33), поради основи на сомнение дека во текот на денешниот ден извршил разбојничка кражба во објект на територија на Кочани. – Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од полициски службеници и И.П. е лишен од слобода. Во консултации со јавен обвинител кривичното дело е квалификувано како „разбојничка кражба” по член 238 од Кривичниот законик, известуваат од полицијата. Од МВР соопштуваат дека сторителот го признал и појаснил кривичното дело, а одземеното му било вратено на сопственикот. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.