Радио Кочани
Кочани

Под мотото „За подобар видик“ – Општина Кочани го одбележува Денот на лицата со попреченост

290

В петок, 2 декември, од 10 до 13 ч., во Градскиот парк – доколку временските услови се неповолни во Спортската сала на  ОУ „Никола Карев“ – Општина Кочани организира културно-уметничка програма со која ќе го одбележи Денот на лицата со попреченост.

Под мотото „За подобар видик“, ќе настапат деца од училиштата меѓу кои и инклузирани ученици со попреченост, членови од Литературен клуб „Копнеж“, а ќе присуствуваат и членови од здруженијата на лица со попреченост. Целта е да се зголеми нивната видливост, да се зближат со заедницата и директно да се вклучат во активностите посветени на нив.

Настанот ќе биде збогатен со продажни штандови, а собраните пари ќе бидат наменети за нагледни и дидактички помагала на учениците со попреченост.

Како дел од овој настан е и продажбата на уметнички слики изработени од учесници на ликовните колонии организирани изминативе години од Општина Кочани.  Уметничките слики се продаваат по симболични цени и можат да се разгледаат на: https://drive.google.com/drive/folders/1RpF7yfE6O0AHcawfpldyRwMOF9anI0Xi?fbclid=IwAR1ZLwf-ZPOcSc8HtOiSCzXjUX_BY679XBRWmJEevre1Y4w8f7DZdxAlW3Q, а ќе бидат изложени и на самиот настан. Средствата од продадените слики ќе бидат наменети за набавка на асистивна технологија на лицата со попреченост.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе