Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на телото на загинатиот Македонец во татковината
Почесниот конзулат на Република Малта во Република Македонија, по добиени информации од медиумите за трагичната несреќа на млад Македонец на Малта, стапи во контакт со семејството на загинатиот Мартин Костов.
Семејството беше информирано дека почесниот конзулат ќе обезбеди се што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината.
Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, ќе пружи итна и целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи.
Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството, во овие моменти на неизмерна тага, изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе пружи финансиска помош за семејството.